ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 400 г фета сирење
* 1 јајце
* 50 г презла
* 1 лажица брашно
* малку сол, црн пипер
* малку вегета
* масло за пржење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Фета сирењето внимателно исечете го на парченца отпрлика со тежина од 50 грама.
Јајцето пенасто изматете го и зачинете го со вегета, сол и црн пипер.
Парченцата фета првин извалкајте ги во брашно, потоа во јајцето и во презлата.
Пржете во добро загреано масло, додека залачињата не добијат убава златно жолта боја.
