ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 700 гр. црни патлиџани
* 1 лажица сусам
* 2 лажички сок од лимон
* 1/2 чешне лук, ситно сецкан
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Испечете ги црните патлиџани на електрична скара 30 минути. Вртете ги често додека да омекнат. Оставете ги малку да се изладат. Потоа излупете ги и исецкајте ги. Ставете ги во цедилка за да се исцеди вишокот на течност.
Измешајте ги печените црни патлиџани во блендер. Префрлете ги во длабока чинија и додадете сусам, сок од лимон и ситно сецкан лук.
Послужете го макалото веднаш со грицки по ваш избор.
