Sweet Home

Светлечки софи

Некој ќе каже „Боже чувај каква глупост“, а некој ќе праша „каде може да се купи“… најважно е дека овие прекрасни софи се реалност. Името им е Calico, доаѓаат од Италија и преставуваат вистинска хит идеја за уредувањето на домот. Нивниот дизајн не се разликува од модерниот облик на софи какви сите ги знаеме. Разликата е очигледна… Calico светат… да и тоа во онаква боја каква вие посакувате и во зависност од атмосферата која сакате да ја направите. Тајната на овие интересни софи, кои според многумина набргу ќе бидат вистински хит во секој модерен дом, се плексигласот и минијатурните диоди, кои во комбинација со модерниот дизајн на софите добивате амбиент на кој многумина ќе позавидат.

Се прашувате за цената??? Цената е онолку колку што чини секоја модерна софа. Што значи дека секој кој сака да има модерна софа малку поинаква од класичните тогаш Calico се идеален избор за вашиот дом.

Write A Comment