Мајките и синовите имаат посебен однос. Некои работи меѓу нив не мора да се изговорат и покажат бидејќи врската помеѓу нив е толку јасна што секогаш се разбираат. Сепак децата растат и одат по својот пат…
Еве што им предлагаме на сите мајки кои сакаат своите синови да ги воспитаат како мали џентлмени.
– Научете го својот син да ја почитува жената како еднаква на себе.
– Помогнете му да научи да слуша.
– Научете го да готви, да чисти и да менува пелени. Така ќе знае дека тоа не се само “женски работи”.
– Поттикнете го да се занимава со нешто во што најдобро се снаоѓа и охрабрете го тоа да го заврши успешно. Не дозволувајте да стане маж кој лесно се откажува.
– Покажете му дека постојаното искажување на љубов е показател дека е јак, а не слаб.
– Со својот пример покажете му дека мајката и сопругата имаат право да го градат својот живот и надвор од семејниот дом – да има работа, хоби…. Било што што ќе ја исполнува.
– Ставете му на знаење дека е во ред понекогаш да биде сам и да ужива во тоа. Научете го да одвои време за себе.
– Немојте да го спасувате од било каква неволја. Секој мора да научи како сам да се избори со се.
– Откријте му ја големата и најважна тајна: се освојува со љубезност и добрина.
– Покажете му дека бракот е градина која е неопходно постојано да се полева.
– Нека вашиот син научи колку е важно да бидеш голем и во поразот и во победата.
– Не дозволувајте да заборави колку е сакан!
