Сопругот на актерката Тори Спелинг, Дин МекДермот случајно објавил фотографија на Твитер, а на сликата јасно се гледаат градите на Тори.
Имено, Дин го сликал нивниот син со фластер на чело, а Тори лежела во позадина на креветот и најверојатно ја доела ќеркичката Хати Марга.

Дин сликал со мобилен, па не сфатил веднаш што се случува и каде му е грешката. Увидел што сторил дури откако пријателите почнале да коментираат под сликата. Тој веднаш ја тргнал сликата, но веќе било предоцна. Таа се раширила по светските медиуми со брзината на светлината.
