Мојата кујна

Вкусен и крцкав карфиол

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 глава карфиол

* 2 јајца

* 0,5 чаши пиво

* 1 лажица брашно

* 1 лажица презла

* 0,5 лажиче сол

* масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Цветовите од карфиолот измијте ги.
  • Ставете ги во посолена вода што врие и варете ги 5 минути.
  • Потоа отстранате го карфиолот од водата и добро исцедете го.
  • Во голем сад изматете ги јајцата, додадете го пивото и малку по малку, со постојано мешање додавајте од брашното, презлата и солта.
  • Измешајте ја смесата внимателно, внимавајќи да не се формираат грутки (смесата треба да е со приближна густина како смесата за палачинки).
  • Ставете го маслото во длабока тава и загреете го.
  • Тркалајте ги цветовите карфиол во кашата од брашно и пиво и пржете ги додека да добијат златна боја.
  • Похваниот карфиол ставете го врз кујнска хартија за да се исцеди.
  • Пред сервирање, по желба посипете со свежи зачини.

Write A Comment