Без оглед дали планирате да имате бебе сега, или пак за неколку месеци, години, охрабрете го својот партнер да ги практикува овие здрави навики.
Секојдневно јадење овошје и зеленчук – мажите кои консумираат најмногу намирници богати со антиоксиданси, како што е бетакаротен, витамин Ц и Е произведуваат повеќе сперма од ругите мажи.
Крај за цигарите – цигарите штетат на целиот организам, а особено и на ДНК. Истражувањата покажале дека способноста на сперматозоидите да оплоди една јајце клетка кај пушачите е за 75% пониска, отколку кај непушачите.
Со лап топ на маса, а не во скут – доколку има навика да го држи лаптопот во скут треба веднаш да престане. Тоа предизвикува зголемување на темепратурата за 5 степени, а со тоа се намалува бројот на сперматозоиди.
Зачинете го својот сексуален живот – новите истражувања покажале дека честите сексуални активности го зголемуваат квалитетот на спермата.
