Американскиот архитект Стив Харивел изработи нов дизјан на еден пентхаус во Њујорк, кој претставува комбинација на винитиџ декорот со шик модернистички, но и класични елементи.
Ваквиот дизајн создава пријатна рустикална атмосфера со елементи на современиот стил. Во овој апартман сместен на 30-от кат е внесена комбинација на различни текстури, почнувајќи од францската кожна клуб фотелја, преку паркетот во дезен на рибја коска, па се до стратешки распоредените тули со нијанси на есенски бои.
Антиквитети се среќаваат во секоја просторија на овој преубаво декориран ентериер, како што се светилките за дискретно осветлување, украсите на оскудниот ѕиден декор, ексцентричните теписи или старомодното стакло.
Во секоја соба на пентхаусот е додаден по некој нов елементи. Тука спаѓаат вратата од некородирачки челик во стилот на Арт Деко од почетокот на 20-те години на минатиот век или пак индустриското осветлување, кое на целиот простор му дава дополнителен кавлитет и оддава впечаток на модрен дизјан.
Вака уредениот апартман е идеален за љубителите на современото и моденистичко опкружување, но и за оние кои се приврзаници на призмениот декор.
Самата уметност во комбинација со практичниот луксуз го прави ентериерот во пентхаусот да биде функционален со единствен хедонистички амбиент.
