Art & Crafts

Направете уникатна чантичка од футрола за очила

Имате некаква свечена прилика, а немате соодветна чантичка? Не очајувајте бидејќи не мора да потрошите цело богатство за да купите нова…

Потребно е да имате малку фантазија и да сте љубител на „направи сам“ проекти. Денес ви претставуваме фантастичен „направи“ сам проект за моден додаток кој ќе ја направи вашата модна комбинација шик.

Потребни материјали:

  • футрола за очила
  • супер лепак
  • четка
  • спреј во саканата боја
  • брош или украсна шнола

Постапка:

Испрскајте ја футролата со спреј во саканата боја. Почекајте да се исуши.

Откако ќе се исуши бојата земете ја шнолата или брошот и залепете ја во центарот на футролата.

Вашата чантичка е спремна за носење!

Write A Comment