ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
150 мл вода
300 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
200 гр путер
200 гр млеко во прав
100 гр млечно чоколадо
100 гр бело чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад на оган ставете вода, шеќер и ванилин шеќер. Мешајте додека шеќерот не се растопи.
Додадете ја белата чоколада и мешајте додека не се стопи. Штом зоврие тргнете го садот од оган и оставете да се олади.
Во смесата додадете путер и млеко во прав. Добро измешајте и поделете ја на два дела.
На пареа растопете ја чоколадата, па додајте ја во еден дел, а другиот дел оставете го бел.
Во тегла со лажица додавајте темна, па бела смеса или во исто време ставете ја од двете страни.
