Мојата кујна

Мус од чоколадо и кафе

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 лажици путер

120 gr темно чоколадо

половина лажичка кафе

2 јајца

3 лажици шеќер

половина лажичка ванилин шеќер

½ шлаг

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во замрзнувач оставете една шолја која понатаму ќе ја искористите за шлагот. Потоа во еден сад поставен на пареа истопете ги путерот, чоколадото и кафето. Откако ќе се истопат состојките оставете да се изладат. Додадете две жолчки од јајце во мешавината и ставете ја смесата во фрижидер. Во меѓувреме, додека се  лади смесата, изматете ги белките и додадете две лажици шеќер. Сега извадете ја шолјата за шлагот од фрижидерот и додадете му една лажица шеќер и малку ванилин шеќер. Потоа извадете ја од фрижидер смесата со чоколадо и кафе и на неа додадете го шлагот. Вашиот мус е готов!

Write A Comment