ШоуБиз

И Ноле ќе си добие восочна фигура…

Восочната фигура на најдобриот тенисер на светот, србинот Новак Ѓоковиќ, до крајот на оваа година ќе биде поставена во Музејот на восочни фигури кој се наоѓа во Јагодина.

–   На фигурата Ѓоковиќ ќе носи дрес, патики и оштетениот рекет кој тој го фрли за време на еден меч, – изјавила диреторката на музејот, Валентина Ѓорѓевиќ. Таа се надева дека Новак, и покрај бројните обврски, ќе успее да биде присутен за време на поставувањето на фигурата.

Ѓоковиќ е трет по ред српски спортист, кој по Владе Дивац и Саша Ѓорѓевиќ, добива своја восочна фигура во музејот во Јагодина.

Write A Comment