ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1.Бисквит:
5 јајаца
150g шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
130g брашно
½ кесичка прашок за печиво
Сол на врв од лажичка
200g путер
4 кафени лажички капучино во инстант прав
200g чоколадо за готвење
2.Крем:
500g крем сир
250g бело кравјо сирење
100g шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
3.Прелив:
100ml зовриена вода
3 кафени лажички инстант капучино прав
200g чоколадо за готвење
4.Глазура:
200g чоколадо за готвење
200ml павлака
Подготовка:
1.Бисквит:
Стопете ја во тенџерче чоколадата за готвење со путерот и оставете ја да се олади. Одвојте ги белките од жолчките, па жолчките со помош на миксер посебно смутете ги заедно со шеќер и ванилин шеќер додека не се направи пена. Постепено додавајте од брашното, капучиното, солта и прашокот за печиво. Додајте ја стопената чоколада и на крајот белките. Смесата истурете ја во калап за торта, обложен со хартија за печење и ставете ја во рерна на 175C околу 40 минути. Откако бисквитот ќе се испече, оставете го да се излади и поделете го на два дела.
2.Крем:
Измешајте го крем сирот со шеќер и ванилин шеќер, па додајте го белото кравјо сирење и мешајте додека не добиете соединета смеса.
3.Прелив:
Во зовриена вода направете го капучиното во прав па додајте ја скршената чоколада и мешајте додека не се стопи.
4.Глазура:
Во тенџерче загрејте ја павлаката. Додајте ја искршената чоколада и мешајте додека да добиете густа смеса. Оставете ја глазурата да се олади.
5.Составување:
Првиот дел од бисквитот ставете го во сад за торта. Прелијте ја целата површина со прелив, па поклопете го со другиот. Премачкајте ја целата површина и рабовите на тортата со кремот и преливот, а во средината на врвот полијте со течната глазура. Оставете ја тортата во ладилник на неколку часа, а потоа послужете.
