Ситуацијата кога сме ставиле некое парче облека во машина и истата излегла два три броја помала на сите ни е позната.
Но, ако мислевте дека облеката која се намалила по перењето во машина треба да ја фрлите, не брзајте бидејќи со овој трик ќе биде како нова.
Потребно ви е само:
- Кофа топла вода
- Било кој бебешки шампон
- парчето облека
- Два поголеми пешкири
Во кофата со топла вода сипете едно капаче од шампонот и убаво натопете го парчето кое сакате да го вратите во својата нормална големина.
Оставете го да се натопи убаво неколку минути, а потоа извадете го и поставете го на пешкирот.
Полека почнете да го виткате пешкирот (како палачинка) и на крај малку нежно стиснете го за да се исцеди убаво водата.
Потоа извадете го парчето од тој пешкир и поставете го на вториот пешкир. Внимателно и нежно влечете по краевите на облеката се додека не ја постигнете саканата големина.
Оставете го да се исуши и вашата облека ќе биде онаква каква што била.
П.С. Овој процес не функционира со волнени џемпери.
