Модните блогерки секогаш ни ги откриваат најголемите модни трендови кои ќе владеат со сезоната која не очекува.
Затоа ако сакате да бидете известени за тоа што ќе се носи на улиците, доволно е да ги погледнете Instagram профилите на тренди девојките и нивните модни комбинации.
Од морето на тренди парчиња кои ќе бидат популарни ова лето издвоивме седум за кои сметаме дека ќе освојат најголемо внимание.
Фустани и маици со голи рамена
Фустаните и маичките со отворени рамена оваа топла сезона ќе бидат еден од најзастапените модни трендови. Истовремено изгледаат многу ароматично, женствено и сензуално.

Елегантни комбинезонки
Не мора да носите фустан за да изгледате елегантно. Ако не сте тип за фустан, тогаш за вас совршени се комбинезонките во кои ќе изгледате фантастично.

Ѕвонести ракави
Бохо трендот доминира и оваа сезона. Провидни бохо блузи со изразито ѕвонести ракави…женствено и романтично се сложувате зарем не?

Еспадрили
Што се однесува до обувките, модните блогерки ова лето ќе ги обожаваат еспадрилите и тоа оние кои се врзуваат околу зглобот. Лесни, практични и шик вистински избор со кој нема да згрешите.

Гиковски ретро очила
Вистински тренд од седумдесеттите се ретро диоптерските очила со “гиковски“ рамки кои ова лето се тренди и кул.

Риги на сите страни
Ригите се секогаш популарни, но оваа сезона некако доминираат на модните комбинации. Сега тие не се суптилни и се наоѓаат насекаде и плус се комбинираат со други парчиња со риги.

Помпон на чевли, торби и облека
Разиграни, весели и шарени помпоните ова лето се моден детаљ на сандалите и ташните, а трендсетерките без двоумење ги усвоија иако на почетокот овој тренд беше поприлично спорен.

