Италијанскиот уметник Блу, долго време размислувал што да направи со здодевната фасада на зградата во која живеел. Имено, соседството во кое бил стациониран во изминатите две години, а се наоѓало во центарот на Рим, било толку многу сиво и тмурно, што успеало на Блу на му ја разбуди сета креативност и фантазија. Така, монотоната зграда ја претворил во колоритно уметничко дело.
За целокупната реализација на овој проект на уметникот му биле потербни цели две години, a крајниот резултат е воодушевувачки. Зградата со очи, како што многумина ја нарекуваат, денеска претставува една од бројните туристички атракции на градот, а доколку ја разбудивме вашата љубопитност, можете да го пронајдете ова дело и на Google Street View (18 Via del Porto Fluviale, Roma, Lazio).







