Сакате ли впечатлив украс за коса кој ќе ви даде една нежна и софистицирана нота?
Украсните венчиња може да чинат и цело богатство, па најчесто се откажуваме од купувањето.
Што мислите да направите сами елегантен украс за коса?
Ви гарантираме дека изработката е лесна. Треба да имате само волја и 10 минути слободно време!
Погледнете го упатството и дознајте како да направите украсно венче за коса.
Потребни материјали:
– Метално венче
– Златни метални или пластични ливчиња
– Супер лепак

Упатство:
Ставете лепак на еден лист хартија…

Со помош на чепкалка за заби земајте од лепакот, нанесете на задната страна на ливчињата и залепете ги за венчето….

Залепете ги сите ливчиња за венчето на ист начин, оставете да се исуши лепакот и вашето ново венче е готово!

Прекрасен детал кој ќе ја комплетира и наједноставната комбинација!

