ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 јајце
6 лажици шеќер
1 шолја мелени ореви
1 шолја млеко
2 лажици масло
1 шолја брашно
1 прашак за печиво
1 ванилин шеќер
6 дл млеко
150 гр маргарин
2 пудинзи од ванила
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Со миксер измешајте ги јајцето, шеќерот и ванилиниот шеќер. Полека додавајте го млекото и сите останати состојки освен пудинзите. Распоредете ја смесата на намачкан плех и ставете ја да се пече околу 25 минути на температура од 180 степени.
Кога ќе го извадите од рерната, веднаш полијте го со 2 дл млеко кое претходно е помешано со малку рум.
Кремот направете според упатството на кесичката на пудинзите од ванила и ставете го кога колачот целосно ќе се олади.
