ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 помали тиквички
400 гр пилешки стек
200 гр кашкавал
магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Тиквичките исечете ги на половина по должината. Ставете им сол и маслиново масло по вкус.
Вдлабнете ги малку и наредете го пилешкото кое е претходно исечено на коцки, посолете го и зачинрте го со црн пипер и босилок по избор.
Доколку сакате, покрај пилешкото месо, можете да додадете и компир ситно сецкан на коцки или печурки.
Врз месото изрендајте кашкавал и додајте магдонос.
Прелијте го со маслиново масло и оставете го во рерна да се пече 30 до 40 минути на температура од 150 степени.
