Модните блогерки секогаш се во потрага по најголемите модни трендови кои ќе владеат во наредната сезона.Затоа, ако сакате да бидете известени за она што ќе се носи на улиците, доволно е да фрлите поглед на Инстаграм профилите на тренди девојките и нивнита комбинирана облека.

Во море на гардероба кои ќе бидат популарни ова лето, издвоивме седум за кои сметаме дека во ова топла сезона ќе биде гостин на Истаграм профилите на модните блогерки, уреднички, стилистки и останатите модни инсајдери.
Фустани без раменици и топови

Фустани и топови со отворени раменици оваа топла сезона се еден од најголемите модни хитови. Изгледаат многу романтично и женствено, сензуално откриваки го грбот, вратот и рамениците што изгледа особено убаво на секоја девојка.
Елегантни комбинезони

Не мора да носите фустан за да изгледате елегантно. Доколку не сте тип за фустани, тука може да дојдат комбинезони кои можат да делуваат фантастично. Совршени за летни свадби и вечерна забава, во комбинезон со долги ногавици и откриени раменици, ќе изгледате подобро од било кога.
Бохо стил

Бохо тренд доминира и оваа сезона. Трендсетерките ова лето ќе владеат со проѕирни бохо блузи со особено ѕвоно ракави. Сонливо, женствено и романтично!
Еспадрили

Што се однесува до летните обувки, модните блогерки и други модни инсајдерки ова лето особено ги сакаат еспадрилите и тоа оние кои се врзуваат околу глуждовите. Лесни, практични, еспадрили се прав летен избор со кој нема да згрешите.
Ретро очила

Прав тренд од седумдесетите се и ретро диоптриски наочари кои ова лето изгледаат особено тренди и кул. Многу трендерки одлучиле своите летни комбинации да ги надополнат со овој симпатичен моден додаток.
Линии на сите страни

Шареното печатење секогаш е популарно, но оваа сезона особено доминира на модните комбинации кај тренди девојките. Оваа сезона, мора да се признае, линиите не се ни малку суптилни туку владеат на целите парчиња и се комбинираат со други парчиња во линии или со некое друго печатење.
Пом пом насекаде
Разиграни, весели и шарени, помпони ова лето се нашле како моден детал на сандалите и торбичките, а трендсетерките изненадувачки лесно ги прифатиле, и ако на почетокот трендот изгледал многу спор.
