ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
6 домати
1 лажица маслиново масло
¾ шолја издробено фета сирење
Насецкан свеж босилек и магданос
Сол и бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечете ги врвовите на доматите и со лажица издлабете ги. Врвовите сочувајте ги на страна.
Измачкајте стаклен сад за печење со маслиново масло и доматите рамномерно распоредете ги.
Во посебен сад измешајте ги фета сирењето, босилекот и магданосот. Смесата ставете ја во доматите. Зачинете со сол и бибер и прелејте ги малку со маслиново масло.
Поклопете ги со врвовите кои на почетокот ги исековте и печете 10-на минути додека доматите не омекнат, а сирењето да се стопи.
