ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кафена лажичка прашок за пециво
½ кафена лажичка сол
1 чаша путер, стопен на собна температура
1 чаша шеќер, плус ¼ чаша за глазурата
4 јајца
2 кафени лажички екстракт од ванила
¼ чашка сок од лимон за тортата и ¼ чашка за сируп и 2 лажици за глазурата
½ чашка крем јогурт
Кора од 1 лимон
½ чашка шеќер во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во мал сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта
Во садот на миксерот ставете го стопениот путер и чашата шеќер додека не се изедначат. Потоа додадете ги јајцата, едно по едно, а по нив и ванилата.
Полека ставете ги сувите состојки и мешајте ги за да се изедначат. Додадете го сокот од лимон, кората и јогуртот и измешајте ги во миксерот со ниска брзина. (путерот нема да биде целосно стопен, но тоа е во ред)
Истурете ја смесата во тава (22cm) подмачкана со путер и брашно. Печете на 160°C, околу 75-90 минути.
За сирупот:
Измешајте ¼ чашка сок од лимон и ¼ чашка шеќер, додека шеќерот не се стопи
За глазурата:
Постепено додавајте го сокот од лимон во шеќерот во прав, додека не го добиете посакуваниот прелив
На крај:
Топлата торта ставете ја на решетката и прелијте ја со сирупот. Посипете ја глазурата. Служете ја тортата топла или на собна температура.
