ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500 гр мешано мелено месо
* 50 гр рендан пармезан (или пекорино)
* 2 јајца
* 1 супена лажица ливчиња од свежо нане (ситно исечкани)
* 1 супена лажица свеж магдонос (ситно исечкан)
* малку сол
* 1 кафена лажичка морско оревче
* 50 гр презли
* 300 гр доматен сос (за сосот)
* 2 чешниња лук
* 2 кафени лажички мајчина душичка
* 1/2 кафена лажичка црвен пипер
* малку маслиново масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1.За да ги направите ќофтињата, во подлабок сад ставете го месото, пармезанот, нането, магдоносот, презлите, морското оревче и јајцата, се добро измешајте и посолете. Меѓу дланките формирајте ќофтиња (како топчиња или како плескавички) и ставете ги во чинија.
2.Испржете ги ќофтињата убаво од сите страни на умерена температура во загреано масло (околу 10-тина минути)
3.За да го направите сосот, во тавче со малку масло ставете ги да се запржат лукот, мајчината душичка и црвениот пипер (околу минута-две), а потоа додадете го доматниот сос и оставете ја смесата да се вари околу 10-15 минути.
4.Додадете ги ќофтињата во сосот и нежно промешајте за сосот комплетно да ги покрие.
5.Послужете ги ќофтињата заедно со малку сос во подлабоки чинии, а одозгора испрскајте ги со малку свеж исечкан магдонос и рендан пармезан (ако сакате).
6.Забелешка: Одлично одат со пире. Добар апетит!
