Започнавте со диета, но некако тешко го поднесувате чувството на глад. Еве неколку предлози што да имате при рака за да ја задоволите својата глад и да согорите максимум калории.
Витамин Ц
Сте слушнале ли дека витаминот Ц е најдобриот лек за губење на тежината? Без оптималните количини на овој витамин во вашето тело, вие се доведувате во ситуација да го отежните губењето килограми. Витаминот Ц го има во: брокула, зелка, лук, кромид, спанаќ, лимон, манго, портокал, ананас, јагоди, домати.
Калциум
Калциумот е добар за коските, но исто така е добар за контролирање на вашиот глад. Калциумот ќе го најдете во:сирење, кашкавал, млеко, јогурт, брокули, спанаќ.

Протеини
Консумирањето на оброци со повеќе протеини во споредба со оние кои содржат повеќе јаглехидрати водат кон заситување, помало чувство на глад и поголемо согорување на калориите. Извори на протеини се: грав, леќа, кашкавал, сирење, млеко, јогурт, бадеми, лешници, кикирики, пилешко месо, јајца, свинско месо и риба.
Мед
Медот е одлична замена за шеќер. Истражувањата направени врз животни, насочени кон намалување на телесната тежина покажуваат дека замената на шекерот со мед дава далеку подобри резултати. Тој е хранлива алтернатива, а исто така покажува и антибактериски и антивирусни својства. Медот може да ја подобри контролата врз шеќерот во крвта и да го зголеми имунитетот.
