Прекрасно задоволство, кое ќе го изненади Вашето сетило за вкус!!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 грама кори за лазањи
250 грама марципан сирење
100 грама чоколадо за готвење
2 портокали
100 грама шеќер
50 грама какао во прав
2 кесички ванилин шеќер
2 јајца
50 – 100 грама мелени бадеми
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во солена вода обарете ги лазањите, спрема упатството. Кога ќе омекнат исцедете ги и исушете ги.
Во друг сад изматете ги јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер, додадете го сирењето, сокот од портокалите, изренданите кори од портокалите, сечканите бадеми и изренданото чоколадо. Изедначете ја смесата.
Наизменично редете ред кори ред фил, последниот ред треба да биде фил. Посипете ги лазањите со какао во прав и печете на 170 степени Целзиусови 20 минути.
Вкусот ќе Ве изненади!!!
Уживајте!!!
