Sweet Home

Домот во зелено

Зелената боја е боја на обновата и растот, таа смирува. Заради нејзините карактеристики дизајнерите на ентериер ја обожаваат и често ја користат при уредување на домовите.

Зелената боја доаѓа во разни тонови, од светло зелена, до темно зелено налик смарагд. Со фактот дека зелената боја е неаутрална боја таа прави инзворедни комбинации со сите други бои.

Зелената во комбинација со другите бои.

Зелена и бела – свежа и згодна комбинација, но малку досадна и незанимлива. Доколку се комбинира со некоја друга боја ова комбинација ќе стане забавна и многу весела.

Зелена и смеѓа –  комбинацијата на овие две бои потсетува на природа. Користењето на различни нијанси на зелена во комбинација со смеѓа боја ќе произведе изразито убава атмосфера.

Зелена и розева – една од најчестите комбинации на бои. Користењето на светло зелена во комбинација на розева и малку златна и добивате гламурозен изглед на домот. Идеално за оние со префинет вкус.

Зелена и црвена –  најчесто се користи за украсување на Божиќ. Не се препорачува како комбинација за уредување на домот. И двете бои се јаки бои и не се трпат меѓу себе.

Зелена и црна – темно зелена во комбинација со црна и добивате луксузност и префинетост.

Зелена и жолта – младо и витално. Светло зелената боја и жолтата се одлична комбинација, особено во детските соби. Додајте малку бела боја и добивате одличен ефект.

Зелена и плава – тие се најубавата комбинација во природата, зашто да не ги употребиме и за уредување на домот. Тие се одлична комбинација не зависно дали станува збор за темни или светли тонови.

Зелената боја се користи насекаде. Ако сакате големиот простор да го направите поугоден купете зелен тепих или обојте ги ѕидовите во некоја комбинација на зелено. Зелениот мебел секогаш изгледа прекрасно. Доколку не се сигурно каде и како да ја искористите зелената боја, пробајте прво со зелени детали. Неколку добро позиционирани вазни или перници  ќе го освежи вашиот дом.

Најважната карактеристика на зелената боја е нејзината повеќенаменска употреба. Ако се прашувате дали ќе се вклопи во вашиот простор, одговорот во 99 % случаи е потврден.

Write A Comment