Motherhood

Осум знаци дека вашиот партнер ќе биде добар татко

Мажите несвесно сигнализираат дали ќе бидат добри татковци или не. Постојат осум знаци кои покажуваат дали партнерот ќе биде добар родител.

ИНТУИТИВЕН

Дали партнерот забележува кога сте изморени и дали ви нуди помош? Тоа значи дека е подготвен со вас да ја подели и грижата за детето односно околу рутинските работи кои секојдневно мораат да се извршат.

ГРИЖЛИВ

Дали ве држи за рака и ви ја милува косата? Со тоа покажува грижа и приврзаност. Способен е со вас да се спои на емотивно ниво што е одлично за родителски однос.

ЗНАЕ ДА СЕ СПРАВИ СО СТРЕСОТ

Родителството е преполно со убави моменти, но истовремено и стресно. Добро ќе ви дојде ако покрај вас биде партнер со кој ќе можете тоа да го поделите.

ЈА ДЕЛИ ХРАНАТА СО ВАС

Колку и да ви звучи бесмислено тоа е многу важно. Имено, ако ви понуди за вечера да пробате тоа што тој нарачал, значи дека е подготвен да дели. Доколку само зграпчи нешто од вашата порција, тоа е показател дека се грижи само за себе и нема чуства за други личности.

ОДИ ВО ПРОДАВНИЦА, ГОТВИ И ЧИСТИ

Значи дека одлично ќе соработувате како родител и ќе ги делите обврските, а кога е детето во прашање, таква помош добро ќе ви дојде.

СЕ ЖРТВУВА ЗА ВАС

Ќе пропушти излегување со пријателите за да биде со вас дека сте болни? Со тоа покажува дека е чуствителен, флексибилен и несебичен.

СИГУРЕН Е

Сте се договориле нешто да направи и тој тоа ќе го направи без неколку пати да го потсетите. Тоа е важно, затоа што не можете да го подигнете детето со некој кој не е сигурен и не води грижа.

ДОБРО СЕ СОГЛАСУВАТЕ

Ако вашата врска е цврста, емотивна, комуницирате, се почитувате еден со друг и се забавувате седодека сте заедно, тоа се добри показатели дека ќе бидете одлична екипа како родители.

Write A Comment