Здраво тело

Храна која треба да ја избегнувате кога пиете антибиотици

Дали знаевте дека храната која ја внесувате влијае на лековите кои ги земате? Ова особено се однесува на антибиотиците. Одредени продукти во интеракција со антибиотиците се апсорбираат на три неблаготворни начини: ја блокираат апсорбцијата на лекот, ја забавуваат брзината со која лекот се апсорбира или му пречат на начинот на кој лекот се разградува во телото.

Ова се некои од продуктите кои би требало да ги избегнувате кога пиете антибиотици:

Кисела храна и пијалаци 

Избегнувајте кисела храна и пијалаци, како што се агруми, чоколадо, безалкохолни пијалаци и конзервирани производи од домати. Овој вид на храна во голема мера влијае на способноста на телото да го апсорбира лекот.

Млечни производи – освен јогурт

Калциумот во млечните производи ја блокира апсорбцијата на лекот. Јогуртот е единствен млечен производ кој е дозволен во време кога се земаат антибиотици бидејќи содржи пробиотици кои поттикнуваат раст на добрите бактериите во цревата, а воедно му помага на телото да закрепне од самиот лек. Воедно, антибиотиците помагаат во превензија на диареа, која е честа нуспојава на антибиотиците.

Калциум и железо 

Калциумот, како и железото исто така пречат во апсорбцијата на лековите. Доколку пиете додаток за прехрана со железо почекајте барем три часа помеѓу земање на антибиотиците и железото.

Продукти богати со влакна 

Продуктите кои содржат висок процент на влакна се исклучително здрави, но не се најдобар избор кога пиете лекови. Оваа храна ја забавува брзината со која храната се апсорбира во желудникот (што е одлично ако сакате да ја изгубите тежината, но не и кога се лечите со антибиотици).

Алкохол 

Постојат различни тврдење во врска со алкохолот и антибиотиците, некои сметаат алкохолот е сосема забранет, додека други дека не пречи во апсорбцијата на лекот. Сепак, комбинацијата на алкохол и антибиотици може да предизвика нуспојави како вртоглавица и проблеми во стомакот. Затоа, најдобро е сосема да го избегнувате со цел да ги превенирате овие несакани дејства.

Write A Comment