Нова студија покажала дека сокот од горчлива диња, познато овошје во Азија и Африка значително го намалува растот на карциногеното ткиво бидејќи го пореметува метаболизмот на гликоза во ќелиите од ракот, со што буквално ги изгладнува неговите клетки без дотур на шеќер кој е основното гориво без кое не можат да преживеат.
Иако растението е познато по својата лековитост, повеќето здравствени бенефити (антивирусно дејство, антиоксиданс, лек против дијабет, антикарценогено својство), дури неодамна станаа актуелни во западната медицина. Во последниве 4 години интензивно се истражува ефектот на ова растение врз ракот. Ефектот се забележува при рак на градата, простатата, карциномот на дебелото црево, црниот дроб, желудникот, леукемија и др. Најновата студија покажала дека сокот од горчлива диња делува цитоксично и на карциномот на панкреасот.
Сокот предизвикува програмирана клеточна смрт на карциногените ќелии (апоптоза) и што е уште поважно активира АМРК што е знак дека го онеспособува метаболизмот внатре во карциногената клетка која потоа станува неспособна да се исхранува што резултира во нејзина смрт.
