Ние секогаш сме тука да помогнеме, па така и овој пат ќе се обидеме да направиме да уживате во овие зимски денови наместо да ги трошите на нервози. Затоа што знаеме колку многу некои работи знаат да не нервираат и едноставно на моменти да ја мразиме зимата, решивме да ви го олесниме малку животот со овие наши хакови за во зимски денови.

Погледнете ги и уживајте во зимата и снегот.
Снег и мраз на шофершајбната

Без грижи ако немате пластичен чистач на стакла во моментот, исчистете ја со вашата стара картичка за момент.
Замрзната брава

Замрзнатите брави најлесно се отклучуваат со загреан клуч. Немата потреба од менување или уништување на бравата, доволно е само да го загреете клучот со запалка и да ја одклучите.
Вашата кожа има тенденција да се лупи

Ако вашата кожа се лупи во зимски денови, пробајте да користите креми за негување наместо хидратантни.
Насекаде вода од обувките

Земете еден стар послужавник и ставете песок и камчиња во него. Наместо чевлите во фиоката, ставете ги на послужавникот – верувајте ни, тие ќе се исуши веднаш!
Оштетена коса

Користете крема за да ја регенрирате вашата оштетена „смрзната“ коса.
Како да ги одстраните упките од вашиот омилен џемпер

Користете обичен брич кој нежно и лесно ке ги отстрани тие топчиња од вашиот омилен џемер.
