Здраво тело

Неверојатните здравствени предности на сребрената вода!

Сребрената вода уништува над 650 вида патогени бактерии, вируси и микроорганизми, стотици болести, инфекции, воспаленија, и помага при постоперативно закрепнување. Таа исто така може да се користи и за чистење на очите, како вода за уста, локален антибиотик за рани и како капки за уши кај луѓе склони кон инфекции на увото.

Иако сребрената вода има многу здравсвени придобивки, таа исто така може да создаде и проблеми. Во некои околности среброто може да делува и како отров во човечкото тело. При акумулација на големи количини сребро во човечкиот организам се набљудува дерматолошката состојба позната како “аргирија” – исипување на кожата.

Апликација на колоидната сребрена вода:

Внатрешно

Сребрената вода има многу добар ефект за прочистување на организмот од токсините и помага при проблеми на гастроинтестиналниот тракт. Може да направите една процедура за прочистување која трае 21 ден. Ставете 12 капки колоидно сребро во 180мл вода и пијте на празен стомак еднаш дневно во текот на  седум дена. Потоа ставајте по 15 капки во истата количина вода за следните седум дена. Во последните седум дена од третманот додавајте по 20 капки.

Локално

При настинак, грип – со 100мл колоидна сребрена вода се прави гаргара 4-5 пати на ден по 5 минути.

При настинка – капнувајте по 3-4 капки во ноздрите 2-3 пати на ден.

При инфекции на увото – 3-4 капки на ден во секое уво.

Првут – 1-2 пати во текот на денот скалпот се третира со колоидно сребро и се остава сам да се исуши. При гинеколошки проблеми – вагиналните тампони се натопуваат во сребрената вода и се ставаат навечер.

При површни рани, изгореници – погодените места се мијат со сребрена вода.

Очни проблеми – капнувајте по 1-2 капки во окото, 3-4 пати на ден.

Габи на нозете – со натопен тампон се тријат нозете и се оставаат да се исушат, 2-3 пати на ден.

Write A Comment