Сте размислувале ли како да ги заштитите продуктите кои ги чувате во ќесиња ?
Дали знаете дека можат да бидат толку безбедни, што ќе ги заштитите и од влага и ќе го оневозможите влегувањето на воздух, а истовремено ќе го продолжите и рокот на нивното траење ?
Доколку не, Ви предлагаме начин со кој истото, ќе го направите на наједноставен начин.
За сето тоа, ви е потребно само пластично шише.

Внимателно исечете го горниот дел од шиштето и направете го следново:
Притиснете ја ќесата во која ги чувате Вашите продукти со него. Потоа вовлечете ја во грлото на шишето. Откако ќе ја извлечете повторно отворете ја и затворете го грлото на шишето со капачето. Така, ќе се оневозможи влегувањето на воздух и влага, а Вие слободно ќе можете да уживате во вкусот на намирниците…

