Постои низа на различни начини со кои можете да ги намалите менструалните болки, а здравата и добро балансирана исхрана, во тоа дефинитивно ќе ви помогне.
Стручњаците препорачуваат пред да земете лекови за менструални болки, прво да пробате на природен начин да ги ублажите болките.
Зголемето го внесувањето на вода
Со зголеменото внесување на вода, ќе го спречите собирањето на водата во телото и ќе го намалите ризикот од надуеност. Топлата вода е најдобра, за намалување на грчеви, бидејќи ги опушта мускулите. Исто така можете да го зголемите внесувањето на намирници кои содржат доста вода.
- зелена салата
- целер
- краставица
- лубеница
- бобинки (јагода, боровница, малина)
Зголемете го внесувањето на калциум
Калциумот го поттикнува опуштањето на мускулите во текот на менструацијата.Препорачлива дневна доза на калциум за жени од 19-50год. е 1000 милиграма. Нмирници богати со калциум се:
- млеко и млечни производи
- сусам
- бадеми
- зелен лиснат зеленчук
Калциумот е достапен и во облик на суплементи, но пред почеток на земење на суплементи, прво посоветувајте се со лекар.
Јадете цимет
Цимет со векови се користи за ублажување на симптоми од грип и настинка и стимулирање на работата на дигестивниот систем. Овој зачин е многу добар извор на диетални влакна на калциум, железо и манган. Ова е комбинација која може да ги ублажи менструалните болките.
Јадете ѓумбир
Голем број на истраживања има докажано дека ѓумбирот има позитивно влијание на здравјето. Може да ги намали симптомите на грип, настинка, главоболка и менструална болка. Изрендајте парче ѓумбир и додадете во топла вода, процедете го и испијте го добиениот чај.
Јадете здрави намирници
- кафеав ориз ( одличен извор на витамин Б6, кој ја намалува надуеноста)
- бадеми, ореви, семки од тиква (одличен извор на манган, кој ги намалува грчевите).
- маслиново масло и брокула ( одличен извор на витаминот Е )
- риба, пилешко и зелен лиснат зеленчук (одличен извор на железо кој се губи при менструација)
