Потребни состојки:
20 грама Кашкавал ајдамер
1 шолја ориз
1 јаболко
Сол
Бибер
Лимонов сок
Еден мал грозд грозје
1 морков
Една лажица мајонез
Подоготовка:
Оризот сварете го така во посолена вода (внимавајте да не го преварите), а потоа прелијте го со ладна вода и оставете го убаво да се исцеди. Јаболкото по желба можете да го излупите или пак да го измиете убаво и да го исецкате со кората. Исецкајте го кашкавалот и јаболките на средни по големина парчиња.
Мајонезот разредете го со малку топла вода, а потоа пошејате го со оризот. Ставете по желба бибер. Додадете го кашкавалот и јаболките, а потоа ставете малку лимонов сок. На крај како декорација ставете неколку зрна грозје.
