Најскапата американска куќа на сите времиња која е во сопственост на тајкунот Брус Маковски се продава за 250 милиони долари и е во Бел Ајру, Лос Анџелес.
Оваа куќа се протега на 3.5 илјади квадрати површина. Во куќата има луксузен мебел, 12 спални соби, 21 бања, 3 кујни, куглана, кино, базен, соба за слатки. Само слатките вредат околу 200.000 долари.
Куќата поседува 130 вредни уметнички дела и колекција на автомобили кои чинат 30 милиони долари.
Во вилата работат седум луѓе, а новиот купувач ќе ги „добие“ и нив.
Маковски нив ќе им покрие плата и придонеси за идните две години.
Куќата 4 години ја граделе 300 луѓе, а Маковски го бирал секој детал. Засега за куќата интерес пројавиле десетина купувачи и ако ја купат по предвидената цена, таа ќе биде најскапа куќа на сите времиња.
