Повремен сон со лош квалитет е нормална појава, но ако имате проблеми со спиењето со недели и постојано се разбудувате изморени, стручните лица истакнуваат дека нешто работите погрешно. Не е важно само колку долго спиете, туку и неговиот квалитет.
Неодамнешното истражување покажало дека за нивото на енергија штетно е будењето на неколку пати во текот на ноќта отколку воопшто да не спиете.
Наутро треба да се чувствувате одморено. Вашето тело и умот треба да бидат свежи и спремни за целодневната работа. Сонот со лош квалитет како и многу малку сон ќе ве направат изморени уште од наутро. Ако веќе подолго време тешко станувате од кревет и се чувствувате изморено веќе од самото утро, можно е дека треба во своите животни навики нешто да измените.
Голема количина на стрес
Ова е еден од водечките причини за лошиот квалитет на сонот. Практикувајте техники и вежби за опуштање, како што се медитација, јога и бавно дишење.
Премногу конзумирање на алкохол
Иако алкохолот успива, истражувањата покажале дека тој негативно влијае врз квалитетот на сонот, особено ако го конзумирате неколку часа пред спиење.
Премногу внесување на кофеин
Личностите кои премногу пијат кафе, енергетски пијалоци или сокови, многу почесто се будат изморено и со лошо расположение. Во доцните часови избегнувајте ги сите призводи кои во својот состав имаат кофеин.
Вежбање
Вежбањето може да го подобри вашиот сон, но стручните лица препорачуваат да не вежбате во период од неколку часа пред одење во кревет, бидејќи тоа може да ви пречи да заспиете.
