Често мислиме дека причините за замор или недостатокот на сон се основно стресот и напнатоста. Всушност основниот виновник за ваквите несакани појави е дехидратацијата.
Ваквата состојба ја намалува способноста на телото да се разладува и да пренесува кислород до мускулите, предизвикувајќи замор многу повеќе и побрзо од што е нормално.
При загуба само на 2% од водата во телото, физичката сила може да падне до 15-20%. Кога ќе стигнете до состојба на дехидратација, телото активира заштитни мерки најмногу против прегревањето. Телото ќе го обезбеди тоа од сопствените резерви, основно од крвта.
Како резултат на тоа крвта се згуснува и на срцето му се отежнува процесот да ја испумпува низ крвоносниот систем, се стига до застој на крвта во некои делови и со тек на времето се зголемува ризикот од висок крвен притисок, холестерол и болести на срцето.
Последните студии ја поврзуваат намалената козумација на вода со главоболки, киселини во стомакот и артрит. Кожата старее побрзо, се опушта и го губи свежиот и здрав изглед.
Затоа не заборавајте – Секојдневно пијте по 2 литри вода! Неопходно е за вашето здравје и убавина!
