Кај здравите луѓе црниот дроб тежи околу еден килограм и спаѓа во витални органи кои вршат преку 200 функции во организмот.
Задолжен е за варење,ги синтетизира главните и други важни продукти во крвта,и на тој начин го регулира нивото на шеќерот,мастите и белковините,па може да се каже дека во црниот дроб се одвиваат сите метаболитички процеси.Поради својата исклучителна важност за здравјето на организмот треба да се обрне посебно внимание на овој орган.
Овие 10 намирници ќе ви помогнат да се ослободите од вишикот токсини од црниот дроб.
1. Лук
Ги активира ензимите во црниот дроб кои се задолжени за исфрлање на токсините.За тој процес се задолжени алицинот и селенот кои ги има во лукот.Освен тоа лукот го намалува холестеролот и триглицеридите кои може да го преоптоварат црниот дроб и неговата функционалност.
Совет:
Јадете две до три чешниња лук секој ден.За подобри резултати користете свеж лук наместо оној во прав.
2.Грејпфрут
Високото ново на витамин Ц,пектин и антиоксиданси го прават ова овошје моќен сојузник на црниот дроб.Глутатион,еден од најдобрите антиоксиданси,задолжен е за борбата против слободните радикали и го чисти црниот дроб од тешките метали.
Совет:
Доколку пиете некој лек,консултирајте се со доктор за тоа дали смеете да го конзумирате ова овошје,затоа што тоа влијае на одредени лекови.
3.Цвекло
Високото ниво на флавоноид и бета каротен помага при чистење на црниот дроб и ги стимулира неговото работење.
Совет:
Јадете што повеќе свежо или термички обработено цвекло во салати.
4.Лимон
Витамините к антиоксидансите од лимонот ги активираат ензимите од црниот дроб кои му помагаат да се ичисти и регенерира.Витаминот Ц од лимонот помага на црниот дроб полесно да ја свари храната.
Совет:
Наместо сок пијте лимонада секој ден.
5.Зелен чај
Редовно конзумирајте го зелениот чај кој помага да се ослободите од токсините но и од вишокот на масти од организамот.
Совет:
Иако е многу здрав не претерѕвајте со овој напиток затоа што може да предизвикате контра ефект.
6. Авокадо
Содржи високо ниво на глутатион,антиоксиданс кој помага ба црниот дроб да ги исфрли токсичните елементи.Освен тоа авокадото содржи и многу други корисни витамини и минерали кои се добри за организмот.
Совет:
Јадете барем еднаш неделно авокадо и обезбедете здраво функционирање на црниот дроб.
7. Куркума
Куркумата е уште една намирница која помага на црниот дроб да се ослободи од вишокот токсини.
Совет:
Помешајте 1/4 лажица куркума со вода и остајте да поврие.Пијте го овој напиток два пати дневно,неколку недели.Кога и да се сетите додадете го овој зачин на вашето јадење.
8. Јаболко
Диеталните влакна од јаболките му помагаат на црниот дроб да се ослободи од отровите,но ја чисти и крвта од маснотии.
Совет:
Било кој вид на јаболки е добар за црниот дроб.
9. Оревитр
Високото ниво на аминокиселини во оревите ја прават оваа намирница добра за подобрување на функционурањето на црниот дроб.
Совет:
Наместо грицки јадете секој ден ореви.
10. Брокула
Глукозунолатот од брокулите помага црниот дроб да се ослободи од канцерогените клетки и другите штетни материи,а високата количина на влакна помага во варењето.Освен тоа брокулата содржи високо ниво на витамин Е кој е важен антиоксиданс.
Совет:
Јадете ја барем три пати неделно и ке го намалите ризикот за болести на црниот дроб.
