Потребни состојки:
– пакување лиснато тесто
– кесичка пудинг од ванила
– 3 лажици шеќер
– кесичка ванилин шеќер
– 500 мл млеко
– 1 јајце
– 400 гр свежо овошје
– шеќер во прав
Подготовка:
На набрашнета површина развлечете ја лиснатата кора. Исечете го на коцки и краевите свиткајте ги кон средината. Кога ќе зоврие млекото сипете го разматениот пудинг и варете додека не се згусне. Ставете ја и ванилата во будингот. По една голема лажица ставете на средината на секоја коцка, и посипете со сецкано овошје. Премачкајте ги со разматено јајце и ставете ги на плех, обложен со хартија за печење. Нека се печат околу 20 минути на 180 степени. Кога ќе се подизладат посипете ги со шеќер во прав.
