Истражувањето покажа дека жените кои се предвреме родени имаат компликации и во текот на сопствената бременост.
Ваквите жени имаат зголемен ризик на голем број здравствени компликации, вклучувајќи го дијабетисот, високиот крвен притисок, прееклемпсијата, при што абнормалното количество на протеини можат да ја убијат и мајката и детето.
Истражувањето го спроведе Универзитетот во Монтреал врз повеќе од 24.000 жени. Голем број од нив биле во раната бременост и веќе имале некои од компликациите.
Вкупно 19,9 отсто од жените кои се родени прерано имале барем една компликација во текот на својата бременост. Професорката Ени Моник Најт, во истражувањето кое е објавено во канадското списание Асоцијација на медицинарите, напоменува дека лекарите кои ја следат бременоста би требало секоја жена да ја прашаат за компликации при нејзиното раѓање, за да знаат дали евентуално можат да очекуваат компликации.
