Прекрасната бринета често изјавуваше дека никогаш не правела естетски операции и дека за својот изглед може да се заблагодари на генетиката и на правилната нега.
Се разбира, станува збор за 52-годишната Моника Белучи на чиј изгледа ѝ се восхитуваат и голем број на помлади колешки.

Но, на почетокот на својата кариера која ја градеше во 90-тите години на минатиот век, Моника изгледаше малку поинаку, а фотографијата која почна да кружи на Инстаграм предизвика реакции меѓу обожавателите.

Покрај фактот дека на сликата е во младите денови, поточно во нејзините дваесетти, многумина забележаа дека нејзиното лице изгледа поинаку и се посомневаа дека можеби една од најубавите жени на светот сепак се послужила со „магиите“ на естетската хирургија, за да и во шестата деценија од нејзиниот живот, да изгледа толку привлечно.

Секако, постојат и други кои коментираа дека не станува збор за ништо друго, освен за нормален процес на стареење.

„Не се плашам од стареење, се плашам само од болести. Сонувам за тоа да бидам здрава до 150 години, да продолжам да пијам капучино со своите пријатели и мирно да починам во сон“, изјави таа во едно интервју.
Останува на вас да процените, но доколку правела естетски корекции, секако тие се направени со врвен квалитет.
