Здраво тело

Чистење и обновување на црниот дроб по природен пат

Црниот дроб е еден од внатрешните органи кој има огромна регенеративна моќ. Значи, доколку страдате од тешка болест на црнниот дроб како што е цироза или рак, не е се изгубено. Постојат некои намирници за регенерација на црниот дроб кои можат да го забрзаат тој процес. Ова се некои од најефикасните:

Јаболко

Јаболкото содржи доста витамини, минерали и гликуронска киселина која помага да се ослободите од вишокот масни наслаги наталожени во црниот дроб. Кога мастите ќе се насоберат во црниот дроб, тие го успоруваат неговото работење.

Кељ

Кељот е зелен лиснат зеленчук кој содржи големи количини на магнезиум и железо. Овие состојки се елементарни во процесот на регенерација на црниот дроб.

Кромид и лук

Кромидот и лукот се намирници кои се исклучително богати со сулфур, антикарциногени соединенија и есенцијални елементи. Тие помагаат да се ослободите од слободните радикали и останатите токсини во црниот дроб.

Лимон

Лимонот е дел од скоро секоја диета за прочистување на организмот. Свежо исцеден сок од лимон содржи витамин Ц и други антиоксиданси. Секојдневното козумирање на сок од лимон помага црниот дроб побрзо и полесно да се прочисти и обнови.

Write A Comment