Пивскиот квасец, поради своите заштитни својства се препорачува за сите возрасти, против многу проблеми кои не мачат. Тој го заштитува црниот дроб, очите, кожата, го намалува заморот и помага во губењето на тежината.
Најдобро е да се користи сув пивски квасец, бидејќи во таква форма нашето тело целосно го искористува.
Во народната медицина, квасецот е познат како лек за многу болести, а своето место го најде и во официјалната медицина. Сепак, тој не треба да се зема во свежа форма поради неколку причини: лесно се расипува, има горчлив вкус, предизвикува надуеност, габите го земаат од храната во дигестивниот тракт витаминот Б кој им е потребен за развој и за размножување, а организмот не е во состојба од габите да ги искористи ниту витамините од Б групата ниту другите хранливи материи.
Пивскиот квасец се препорачува кај сите возрасни групи заради заштитната функција, со тоа што дневната доза треба да биде поделена на три еднакви делови и не смее да преоѓа шест до десет грама. Квасецот, го штити црниот дроб, очите, кожата, го елиминира заморот, го одржува балансот на цревната флора, помага при отстранување на акните, ја спречува мачнината и ги олеснува дигестивните потешкотии.
Сувиот пивски квасец има значајна улога и во диета терапијата на многу болести: дијабетис, болест на органите за варење, воспаление на желудечната слузница, чир на желудникот, заболување на црниот дроб и жолчните канали, како и при затвор и слабеење, бидејќи помага во губење на тежината.
Пивскиот квасец е еден од најефикасните природни средства кои се борат против акни.
