Не постои лоша храна, вистина? Само храна која треба да ја јадете умерено? Всушност, не! Овие храни се толку лоши за вашето тело што не постои ниту една вистинска причина поради која да ги јадете. Не само што имаат нула хранлива вредност, но исто така му даваат на вашето тело висока доза токсини, што треба да ја направи желбата за нивно јадење навистина тешка да се проголта.
Крофни

– полни со слободни радикали и транс масти (купените крофни од улица имаат 35-40% транс масти)
– богати на шеќер, немаат хранителна вредност и се полни со калории (просечна крофна содржи околу 200-300 калории, најмногу од шеќерот и помалку од други извори).
– полни со бело брашно (во повеќето случаи).
Газирани сокови

– богати на шеќер (една лименка газиран сок има околу 10 лажици шеќер – 150 калории)
– богати на кофеин (30-35 mg кофеин во една лименка газиран сок)
– полни со вештачки бои и сулфити
– немаат хранителна вредност
– многу проучувања ги поврзуваат газираните сокови со слабост на коските, дебелење , забен кариес и срцеви болести
– постои наод дека консумирањето газирани сокови без шеќер (т.н. diet) ги стимулира луѓето да имаат поголема желба за слатки храни, ова се потврди и од едно неодамнешно истражување со кое се догажа дека луѓето кои пиеле газирани сокови без шеќер (т.н. diet) биле подебели од другите.
– газираните сокови без шеќер не треба никогаш да ги замени водата и млекото како основна течност за пиење и рехидратација.
Пржени компири

– богати на транс масти (компири приготвени на високи температури во растително масло)
– богати на слободни радикали штетни за телото
– богати на акриламид (до 82 mcg на порција) – силна токсична хемикалија што се формира како резултат на непознати хемиски реакции за време на пржење на храни што содржат скроб (пр. компири) на високи температури или нивно печење.
– конзумирањето храна што е пржена во растително масло допринесува за побрзо стареење, згрутчување на крвта, воспаление и дебелеење
– храната што е пржена во растително масло како соја, сончоглед, пченка и други семки и јатки е особено проблематична
– полинезаситените масти лесно можат да станат прегорени кога се изложени на кислород и произведуваат голема количина на штетни слободни радикали во телото
Чипс

– богат на сол и транс масти (присутни во повеќето комерцијални чипсови)
– богати на канцерогениот акриламид (до 25 mcg на порција)
Хот дог и индустриски преработено месо

– богат на калории, масти и сол
– преработеното месо како колбаси, сланина, хот дог, пушено месо содржи нитрати за да се зачува бојата и да се оддржи микробиолошката безбедност
– нитратите можат да се преобразат во нитрити, кои можат да формираат нитрозамини, силна токсична хемикалија.
