Ја намалува температурата, ја ублажува главоболката и помага кај отежнатото голтање, кога ќе се изгорите, нанесете дебел слој и болката ќе ја снема.
Сенфот се добива од лековитата биолка синап, со додавање на вода и оцет.
Кога ќе се изгорите, нанесете дебел слој и болката ќе исчезне . Доколку ве боли глава, намачкајте го челото и слепочниците. Кога сте насинати и ве гребе грлото, голтнете една лажица од овој зачин. Можете да направите и пијалок доколку го измешате сенфот со сок од лимон, лажица сол и мед и ги ставите во половина чаша врела вода. Почекајте да се излади, па направете гаргара во устата.
Кога имате температура, измешајте две лажици сенф со едно лажиче морска сол и ставете ги во када со топла вода. Опуштете се во топлата купка 20 минути, а потоа истуширајте се.
