Здраво тело

Лук против болки во зглобовите

Болкитe во зглобовите можат да произлезат од многу причини. Какви и да се причините, болките може да бидат многу непријатни. За таа цел ви нудиме неколку рецепти од народната медицина, кои може да се применуваат против болки во зглобовите.

Едно од природните средства , кое помага против болки во зглобовите е лукот. Добро познато е дека тој е природен антибиотик. Неговата комбинација со масло, кое содржи драгоцена линоленска киселина дава многу ефикасен лек против болки во зглобовите.

Изгмечете добро 75 грама лук. Кон него додадете 75грама масло и 75грама алкохол. Измешајте ги состојките и оставете ги да отстојат едно деноноќие. Потоа исцедете и со добиениот екстракт масирајте ги болните зглобови со кружни движења.

Замесете потврдо тесто со квасец за леб и оставете го да нарасне или дирекно купете подготвено тесто. Кон него додадете половина глава истолчен лук и лажица масло. Измесесте го тестото добро и ставете го во платнена кеса. Вечерта пред спиење загрејте ја малку торбичката и ставете ја каде што е потребно, па заврзете ја со крпа. Останете така цела ноќ. Повторете ја постапката уште два пати.

Рузмаринот исто така може да ви помогнеда ги ублажите страдањата. Етеричните масла содржани во неговите листови го стимулираат централниот нервен систем и крвотокот. Неговата надворешна употреба, ги намалува боките при исчашување на зглобовите и помага при ревматизам.

Сварете 4 лажици свежи листови од рузмарин со 1 лажица маслиново масло и 1 литар вода. Оставете ги на огнот околу 20-тина минути, а потоа исцедете и додадете ја течноста кон водата во када.

Write A Comment