Состојки
– 400 гр. пилешки стек
– 50 гр. сирење
– 400 гр. свежи шампињони
– 200 мл. кисела павлака
На загреано масло се растопуваат 150 гр. сечкано овчо сирење.
Кога ќе се растопи се додаваат 400 грама, на коцки сечкан пилешки стек (може и саламурен). По 5-6 минути пржење, се додаваат 400 грама сечкани свежи печурки-шампињони, малку босилек и сечкан свеж магдонос.
Откако ќе испари водата од печурките, во ова се вмешува 200 мл кисела павлака.
Овој сос, вака топол, се додава на варени шпагети-таљатели-макарони.
