Здраво тело

Рехабилитација на организмот по тешка храна и алкохол!

Деновиве се повеќе луѓе бараат средство со кое малку ќе го “освежат” сревниот систем кој со денови се “мачи” да ги преработи празничните количини на масти, тешка храна и по некоја чашка алкохол. Имаме одлично решение какод а го освежиме вашиот организам.

Поголемиот број на проблеми со варењето се предизвикани од воспаление, а доколку не се отстрани воспалението  може да станат многу посериозни, пишува во порталот Здравје, во кој е претставен едноставниот напиток кој го освежува организмот и помага при болки, тегоби и други непожелни ситуации.

Напитокот се прави од само две намирници – свежи краставици и свежи листови нане, се додава и неколку зрна морка сол. Ваквиот напиток се конзумира разладен.

За 4 чаши од овој освежувачки напиток потребни ви се:

3 лажици свежи листови нане

1 краставица со средна големина

Неколку зрна сол

4 чаши ладна вода

Ставете ги сите состојки во блендер, измиксирајте, додадете вода и миксирајте уште малце. Оставете ги на ладно околу 30 минути и испијте го ладен напитокот.

Write A Comment