Медицинските истражувања покажаа дека оваа комбинација е идеална за чистење и јакнење на телото. Слатките и сочни круши се богат извор на диетални влакна кои позитивно влијаат на кардиоваскуларниот и дигестивниот тракт.
Потребни состојки:
3 излупени и исчистени круши
2 тенки парчиња свеж ѓумбир
½ краставица
½ излупен лимон
Постапка:
Ставете ги сите состојки во соковник или блендер и добро измешајте.
Ако сакате бистар сок тогаш смесата процедете ја низ ситно сито или газа.
Овој напиток е идеален за детоксификација и за топење на мастите.
Консумирајте го пред оброк, но не и како замена за оброк.
