Здраво тело

Што има на нашата дланка ако ја ставиме под микроскоп?

Таша Старм, професорка по микробиологија на колеџот Cabrillo, решила да ја стави раката на нејзиниот 8-годишен син на петриева тацна, со цел да види какви бактерии живеат на дланките.

Потоа тацната ја ставила во инкубатор во лабораторија, ја затоплила до нормална човечка телесна температура и забележала дека бактериите и габите растеле во необични облици. Сепак, таа објаснува дека тоа воопшто не е опасно како што мислат останатите.

– Немаше ништо страшно на тацната. Овие бактерии не се лоши, иако ги има насекаде. Токму од нив ни се зајакнува имунолошкиот систем, па нема потреба да се крева паника, објаснила Таша.

Write A Comment